Релјефот на пелистерскиот масив го сочинуваат повеќе врвови повисоки од 2000 метри од кои се протегаат величенствени панорами на исток кон Пелагонија и Кајмакчалан, а на запад кон Преспанското езеро и Галичица.
Заради природните убавини што ги сочинуваат шумите на борот – Молика, како реликт на терциерната флора, гранитните маси од кои е изграден Пелистер и неговиот морфолошки релјеф, а посебно глацијалниот релјеф во алпскиот дел од планината, во 1948 год. со посебен Закон Пелистер е прогласен за прв Национален парк во Република Македонија и поранешна Југославија, што има големо значење во културната историја на Македонскиот народ.
Националниот парк Пелистер е оддалечен 15 км. од Битола, 65 км. од Охрид и 30 км. од Преспанското езеро и зафаќа пошироки простори кои во своите карактеристики значително се разликуваат од својата непосредна и подалечна околина. Неговата површина изнесува – 12.500 ха со надморска височина од 700 до 2.600 м
Почетна | Пелистер | Хераклеа | Знаменитости |